Гумниште (Вирово)
археолошко наоѓалиште во МакедонијаГумниште — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Вирово. Претставува населба и црква од средниот век. Се наоѓа на 500 м североисточно од селото во темелите на денешната црква Св. Петка, која е изградена врз темелите од постара црква. Според кажувањето на селскиот ковач, при копањето на темелите во 1935 година биле најдени фрагменти од фрескоживопис. Околу црквата има множество градежен материјал, а во нејзината непосредна околина остатоци од повеќе објекти градени од кршен камен и кал. Исто така, пронајдени биле и гробови градени од камени плочи, поставени во правец исток-запад.
Read article
Nearby Places

Вирово
село во Општина Демир Хисар
Долно Вирово
археолошко наоѓалиште во Македонија
Св. Богородица (Вирово)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Штеуни (Вирово)
археолошко наоѓалиште во Македонија
Крушје (Церово)
археолошко наоѓалиште во Македонија

Црква „Св. Никола“ - Вирово
црква во с. Вирово

Црква „Св. Петка“ - Вирово
црква во с. Вирово
Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Вирово
црква во селото Вирово, Македонија